Утрово Зоран Заев и новиот премиер Димитар Ковачевски извршија примопредавање на премиерската фотелја.
Ковачевски е 8-ми премиер во независна Македонија.

Новата Влада беше избрана вчера во Собранието, а Ковачевски рече дека легитимитетот на Владата е неспорен и со зголемената поддршка на мнозинството одржлив во следните две и пол години.
„Јасно и гласно потврдувам дека избори ќе има, но, во 2024 година. Дотогаш ќе работиме посветено на унапредување на економијата и квалитетот на животот на граѓаните на државата“, рече вчера Ковачевски.






