Вицепремиерот Никола Димитров кој денеска го минува последниот ден во владата постојано тврди дека наместо во јавноста во владата водел внатрешна битка за правда и принципи.
Но видео објавено на Твитер покажува дека кога целата јавност беше згрозена од смената на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски кој покажа пркос кон премиерот Заев тој гласал за негова смена на владина седница.
Во интервју за Телма направено лани Димитров признава дека гласал за смена на Пауновски со објаснување кое е целосно спротивно на неговите јавни заложби за правда, мерит систем и принципи.
На свој начин тој објаснува дека ако не бил сменет Пауновски можело да се случи масовно да имало пркос кон Заев што ќе било штетно.
Видеото што открива дека сегашните изјавите на Димитров не се на линија на тоа што го правел додека бил во владата на овој линк:
ДУШЕГРИЖНИКОТ 👉
–
Гласал за разрешување на Стојко зошто имало страв во Владата дека можело и други да му пркосат на Заев, а ваму – продава магла дека тој бил разумот во Владата, имал свое мислење и бла бла pic.twitter.com/Bvry2G5jyT— Демир (@Trollowsky) May 5, 2021






