Боки 13 и друштвото од Идризово

Бојан Јовановски очигледно добро си поминува во КП Идризово – пишува Инфомакс коментирајќи ја сликата која неодамна се појави на социјалните мрежи, а каде може да се забележи дека Боки 13 се наоѓа во добро друштво и се уште во негов стил, заедно со цимерите прославуваат роденден.



Јовановски, кој неодамна објави цела серија на отворени писма до јавноста, каде обвини за рекет и криминал во највисоките инстанци на власта и владеачката партија, затворската казна ја издржува заедно со своите стилизирани парчиња облека и капути, кои најверојатно се ретка глетка по македонските затвори.