Професорката Мирјана Најчевска се пожали дека иако семејството цел месец било во странство сметката за струја во семејниот дом од ЕВН била енормно висока.
,,Добро што е со сметкиве за струја за месец декември?
Кај мене се појави 3800 денари.
Работата е што е куќата затворена. Мислам скроз.
Ние сме во Прага.
Единствено некои гремлини ако се вселиле па да трошат струја”, на шега вели Најчевска за невообичаено високата сметка од ЕВН.
Таа тврди дека човек од ЕВН редовно го чита часовниот за струја и дека не се работи за порамнување.
Сопругот на професорката Најчевска е актуелен амбасадор на Македонија во Прага.
Добро што е со сметкиве за струја за месец декември?
Кај мене се појави 3800 денари.
Работата е што е куќата затворена. Мислам скроз.
Ние сме во Прага.
Единствено некои гремлини ако се вселиле па да трошат струја.— Мирјана Најчевска (@ibogovitelicno) January 15, 2022






