Бугарскиот премиер во интервју за МИА вели дека не носи нов анекс на Договорот за добрососедство со Бугарија пред доаѓањето во Скопје.
Тој најавува дека носи конструктивен тон и подготвеност за нов почеток и најавува попрактичен пристап ослободен од декларативни заложби.
Со посетата ќе почне процесот на преговори кои ќе биде насочен на главните прашања кои се од интерес на граѓаните, се најавува од Софија.
Петков за виновни за односите Скопје – Софија прогласува неименувани луѓе кои се корумпирани.
,,Ние треба да ги исчистиме сите оние кои заработуваат на грбовите на
нашите народи. Затоа што има една мала група на луѓе, кои преку корупцијата заработуваат на сметка на сите останати. И јас мислам дека тие се дел од деструктивните елементи кои се поврзани и кои го поставуваат прашањето дали е добро или не е добрососедството”, им порачува Петков на деструктивните сили кои се против доброседството.
На кого точно мисли Петков не кажува но Македонија е на 111 место по корупција во светот а да биде корумпиран може само човек што е на власт.
Со тоа бугарскиот премиер отвори дилема дали неговото обвинување како деструктивни го упатува кон луѓе во врвот на македонската влада.






