Крајот на јануари и почетокот на февруари е веројатниот период во кој може да се очекува пикот на новозаразени во овој ковид-бран, во кој доминира омикрон-сојот, вели проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог, за Нова Македонија.
„Колку и да изгледа драматичен растот на бројките, тоа беше за очекување. Ако продолжи сегашново темпо, кое што веќе се намалува, до врвот ќе стигнеме некаде кон крајот на јануари или почетокот на февруари, со не повеќе од 4.000-4.500 регистрирани случаи на дневно ниво. Но тоа е само врв на леден брег. Реалната бројка е многукратно повисок“, посочува тој.
Професорот вел дека поради благите симптоми слични на настинка, огромен број граѓани или не обрнуваат внимание на симптомите и се движат слободно или се тестираат со брзи тестови од аптека.
„Прашање е дали сите кои ќе добијат позитивен тест се изолираат доброволно! Прашање е и дали тие со симптоми, што ќе добијат негативен тест, дали навистина се негативни.
Околу 50 проценти од овие тестови се лажно-негативни“ вели епидемилогот.
„Имајќи го ова предвид, а кога буквално сите сме подложни на инфекција, произлегува дека нема никаква смисла веќе официјално да се соопштуваат позитивните случаи, кога тој број ни оддалеку не е реален. Зошто непотребно да се создава психоза на страв и вознемиреност кај граѓаните? вели проф. Даниловски.







