Македонската А фудбалска селекција го демолира Лихтенштајн со 4-0 и со три победи и 11 бода го заврши квалификацискиот циклус за Светското првенство. На стадионот Младост во Струмица контролиравме се во 90 минути во кои „од авион“ се гледаше кој е подобар и поквалитетен. Истото го докажавме со по два гола во секое полувреме, со тоа што гостите беа сведени на малку обиди, шанси, закани кон нашиот гол.



Стрелци на нашите погодоци беа Муслиу во 36 минута и Трајковски две минути подоцна во првата салва, и Барди и Адеми во истиот интервал меѓу 67 и 69 минута. Особено возбудлив за нашата клупа беше последниот погодок што го даде членот на Динамо Загреб кому штотуку му истече казната за користење допинг.

Со оваа победа заокружен е еден извонреден дел, вториот, овогодишниот од квалификациите во кој, во шест средби имавме 3 победи, две нерешени и само еден пораз. Шансите за продор до 4 или 5 место во групата Г ги пропуштивме со лошиот старт и со четирите едно по друго доживеани порази.