„Додека партиите во Владата и нивните функционери водат војна час поскоро да ги заземат фотелите на власта, токму денес илјадници граѓани ја напуштаат Македонија и итаат кон подобар живот во правец кон Европа.“ – констатира информативниот портал на албански јазик „ин7“ во својата фото – вест со наслов „Министрите во војна за власт – граѓаните во правец кон печалба“.
„Ова е моментната реалност во Македонија“ – укажува „ин7“, надополнувајќи ја својата вест со фотографија снимена денес на автобуската станица во Скопје.





