„Ковачевски е должен да ѝ одговори на јавноста кои одговори се дадени во во одговорите за пакетот 5 + 1 кои се доставени до Бугарија на самитот на НАТО во Рига уште пред два месеци“, повика денеска преку прес-конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека (Никола) Димитров обвинува за предавство, Ковачевски мудро молчи за тоа кои одговори Македонија ги дала на пакетот 5+1 кој е испратен од Софија како предуслов за поддршка за преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција. Патем оваа делегитимирана влада на СДСМ чека став од страна на Бугарија по однос на овие одговори.
Иако, никој не е запознаен за што преговарале Заев, Димитров и Османи“ вели Митева.
Дали македонската јавност повторно ќе биде изманипулирана и зад декларативна заложба дека ќе се почитува Резолуцијата, Ковачевски по стапките на својот ментор Заев ќе ги подрива македонските позиции.
Додека СДСМ звучи какофонично и дава различни изјави во однос на спорот со Бугарија, Османи континуирано се раководи од предлозите на другите земји членки и секој добиен предлог нему му се чини како нова шанса за брзо решение без притоа да се заземе јасен став околу најкомплексното прашање за македонскиот идентитет“, истакнува Митева.
Кариеристот Димитров конечно призна дека Македонија преку него и Заев премногу и ветила на Бугарија со надеж дека ќе го реши спорот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.






