ВМРО-ДПМНЕ максимално ќе ги искористи своите институционални можности и ќе учествува во 48-часовната расправа за изборот на владата на мандатарот Димитар Ковачевски за да се увери македонската јавност дека ова е уште една резервна и како и претходната, неспособна влада на СДСМ, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ за Плусинфо.
Собранискиот спикер Талат Џафери за утре, за утре со почеток во 11 часот ја закажа седницата со единствена точка на дневниот ред – избор на нова влада.
Пред членовите на Собранието, мандатарот Димитар Ковачевски ќе ја презентира програмата на новата влада, а ќе ги предложи и членовите на владиниот кабинет, за потоа да започне дебатата на пратениците.
Собраниската расправа за избор на нова влада трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до 24 часот вториот ден или во случајов во недела до полноќ.
Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието.

.





