„Треба да се искористи новиот момент во соседна Бугарија по изборот на новата влада на чело со премиерот Петков и да се направи максимум, заради изнаоѓање решение за спорот меѓу двете земји: компромисите што треба да се направат можеби ќе бидат болни за македонските сограѓани, но едновремено треба да ги имаме предвид и придобивките, кои ги донесува решението на спорот.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата анализа со наслов „Африка – приоритет за Франција пред Западниот Балкан: како да ја преведеме оваа порака од Париз?“
„Журнал“ пишува: „Западен Балкан е меѓу приоритетите за Франција во улога на претседавач со Европската унија, но како негова втора географска област на интерес. Првата географска област од француски интерес е Африка. Ова е пораката на официјален Париз проследена до Собранието на с.Македонија преку амбасадорот Сирил Бомгартнер. Како треба да ја преведеме пораката дека Западен Балкан е втор приоритет, после Африка?“
„Експертите кои ги консултиравме велат дека овој став не треба да се оценува од песимистичка гледна точка со оглед на историските и сегашните врски на Франција со африканските земји. Тоа се врски со посебна економска, политичка и геостратегиска важност за француската држава, кои датираат со векови, и сигурно ќе продолжат и во иднина. Но, Бомгартнер информираше дека Франција во јуни ќе организира голема конференција за Западен Балкан. Иако сè уште не се одредени контурите и целите на конференцијата, извесно е дека тема нема да биде само проширувањето на ЕУ.“
„Можеме да заклучиме дека нема ништо спорно и безнадежно зошто Африка е прв приоритет на Франција пред Западниот Балкан. Важно е да си ја работиме нашата работа и да не бараме пречки, или тешкотии таму каде што ги нема. Ракавите треба да се засукаат, бидејќи претстои многу работа.“
„Треба да се искористи новиот момент во соседна Бугарија по изборот на новата влада на чело со премиерот Петков и да се направи максимум, заради изнаоѓање решение за спорот меѓу двете земји: компромисите што треба да се направат можеби ќе бидат болни за македонските сограѓани, но едновремено треба да ги имаме предвид и придобивките, кои ги донесува решението на спорот. Пред се, мора да се има предвид и што губи с.Македонија, ако отворањето на преговорите влезе во период кога ќе се создаде неизвесност не само за рокот за конечно членство, туку и за почеток на преговорите.“ – наведува „Журнал“ во својата анализа.





