„Сметам дека е преседан кој се нема случено каде било, Влада да бара град да ги спасува“, изјави синоќа во гостување на ТВ21, градоначалничката Данела Арсовска коментирајќи го барањето од Владата, Градот Скопје да помеогне да се амортизира ценовниот удар и ситуацијата со парното греење.
„Навистина не е времето сега да се игра ниту со чувствата на скопјани, не е времето да се игра на картата да ја префрла одговорноста која лично треба да ја понесе за тоа дека не се донела соодветна енергетска страгегија при ваква енергетска и економска криза, и да се бара градот да биде спасител. Не се случило никогаш“, вели градоначалничката.
„Треба да им биде јасно на сите дека општините се наоѓаат во незавидна положба. Не е само што имаат долгови и не само затоа што некој претходно недмоќински работел, затоа што и децентралиацијата не е спроведена, затоа што општините немаат финансиска независност“ рече Арсовска.
Таа смета дека одговорноста треба да ја понесе Владата, затоа што не ја разрешила ситуацијата кога имала можност.
„Не размислувала кои се репекусиите кои може да настанат од зголемување на енергенсите на светските берзи. Тоа останатите земји го направија од 1 до 15 септември веќе имаа целосни стратегии, и ги донесоа до средината на 2022-та, а во октомври имаат донесено стратешки насоки како да се работи и заштитни мерки. Треба да се размислува однапред за она кое следи. Не може сега да кажете дека е некој друг виновен. Не е друг виновен.Се знае кој е виновен. Ова не е игра. Се знае кој ги има ингеренциите кој треба да помогне во оваа состојба. Единствени губат граѓаните. И тој што ја има моќта, треба да ја понесе одговорноста“, рече Арсовска.






