Дали БЕГ уште денеска ќе ги „топли“ скопјани!?

БЕГ побара Владата да ја преземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона, откако објави дека од утре веќе нема да може да испорачува топлинска енергија.



Зголемувањето на сметките за парно за 14 проценти, не е доволно да ги покрие трошоците на Компанијата.

Владата се обиде одговорноста да ја префрли кон Градот Скопје, кој нема никакви законски ингеренции да финансира приватни компании. Таква законска можност во Македонија има само Владата.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, изјави дека БЕГ ќе остане без лиценца во моментот кога ќе престане да испорачува топлинска енергија.