И покрај тоа што Новак Ѓоковиќ ја победи Владата на Австралија на Федералниот и семеен суд во Мелбурн, тој сепак ќе биде депортиран непосредно пред викендот и пред почетокот на Австралија Опен.
Министерот за имиграција Алекс, Хок по втор пат реши да ја оспори визата на тенисерот со образложение дека тоа е во интерес на јавното здравје и добро.
Во Австралија бројот на новозаразени со Ковид-19 рапидно расте и веќе надмина 150.000 случаи на на дневно ниво.
„ Денеска го искористив моето овластување да му ја откажам визата на господинот Новак Ѓоковиќ согласно член 133В (3) од Законот за миграција, поради загрозување на јавното здравје и имот, а се затоа што тоа беше од јавен интерес“, напиша Хок во кратка изјава.
Тој вели дека при донесувањето на одлуката внимателно ги разгледал информациите со кои располагал.
„При донесувањето на оваа одлука, внимателно ги разгледав информациите што ми ги дадоа МВР, австралиските гранични сили и господинот Ѓоковиќ. Владата е цврсто посветена на заштита на границите на Австралија, особено во врска со пандемијата Ковид-19.
Поради сето ова, Ѓоковиќ сега се соочува со тригодишна забрана за влез во Австралија, доколку повторно не се жали на суд и не добие правна битка.






