„СДСМ некогаш ги дисциплинираше Албанците со специјални сили, со специјални единици. Сега тоа го прави со една друга форма, пософистицирана: преку специјална стратегија на потчинување. Започна преку контрола на сите албански партии, а потоа преостанатиот дел од акцијата е лесен.“ – вели новинарот и аналитичар Урим Салиу во својата колумна со наслов „Како СДСМ ги дисциплинира Албанците“, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.
Салиу додава: „СДСМ веќе има сè под контрола, дури враќа од архивите и албански политичари од архивите, за да владее, а преку старите јарани го задржува диктатот врз албанското општество, кое ги загубило осетот и смислата за се. Да не зборуваме за сервилноста на албанските интелектуалци, кои ги затворија устите за некое време.“
Home Македонија Салиу: СДСМ некогаш ги дисциплинираше Албанците со специјални единици, а сега преку...





