Мета: Повторното цртање на границите на Балканот не е решение за проблемите, тоа не успеа и беше катастрофа за сите

„Повторното цртање на границите не може да биде решението на проблемите во нашиот регион, тоа беше испробано и не успеа. Претставуваше катастрофа за сите во регионот. Единствено решение е почитување на правата на сите малцинства од секого, на потребен начин и со почитување на европските стандарди.“ – кажа Илир Мета, претседателот на Албанија во рамки на своето предавање на тема „Албанците во новото илјадалетие –предизвици и перспективи“, кое го одржа на покана на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје пред десетици студенти и професори на албанските универзитети.“ – јави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

„Журнал“ пишува: „Покрај другото, Мета истакна дека во нашиот регион нема големи народи и мали народи, нагласувајќи: ‘Не може да биде решение повторното цртање на границите во нашиот регион, бидејќи ова прашање беше испробано, не успеа и претставуваше катастрофа за сите во регионот. Единствено решение е почитување на правата на сите малцинства од секого, на потребен начин и со почитување на европските стандарди. Ова би ги гарантирало и би ги консолидирало мирот, стабилноста, безбедноста, ќе го зајакне меѓуетничкиот соживот и ќе ги подобри деловната клима и довербата во иднината.“

„Во таа насока, сакам да го поздравам огромниот напредок постигнат на овој план од с.Македонија во последните години, уште од историскиот Преспански договор, кои ја претворија оваа земја во позитивен пример во нашиот регион, и покрај предизвиците што ги има пред себе.’ – рече Мета на предавањето.“

Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави сиот албански фактор, кој, како што рече, ‘беше многу активен и честопати решавачки придонесувач кон евроатлантското и европското патување на Република с.Македонија’. Во врска со иницијативата ‘Отворен Балкан’ Мета истакна дека ‘на Балканот нема добри и лоши народи, бидејќи сите народи се желни за мир, стабилност, безбедност, за меѓуетничка соработка и добрососедски односи, но и оти постојат мудри кооперативни и сеопфатни политики, или политики, кои се назадни и кои предизвикуваат раздор“.




„Отворениот Балкан’ е наметната и нејасна иницијатива, која досега произведуваше само расправи. Откако го смени името по третпат оваа иницијатива како единствен позитивен елемент го има е тоа што е ‘отворена’. Не можам да ја сокријам мојата загриженост за позицијата на Косово и тенденцијата на ‘Отворениот Балкан’ да го маргинализира Косово.’ – рече Мета во рамки на своето предавање, одржано во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје.’ – јави „Журнал“.