Откако вчера вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров почна да фрла со ,,дрвја и камења” по своите колеги откако разбра дека веќе нема да биде во владата денеска на уште една министерка не и е право што веќе нема да биде во врвот на инстутуциите.
,,Никој не ме прашал за конкретните причини зошто треба да заминам, како и што е сработено, но право на секој мандатар е да си состави кабинет”, вели министерката за култура, Ирена Стефоска на чие место во новата влада ќе биде пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска.
,,Подготвив извештај за отчетност кој ќе стои во архивата на Владата и во Собранието. Поразговаравме со мандатарот за причините про и контра зошто е важна културата”, рече Стефоска во гостувањето на „Утрински Брифинг“.
Министерката која предходно се согласи УНЕСКО да го стави Охрид на листата на загрозени локации ако нема друго чаре смета дека луѓето се најголемиот ресурс во една мала земја, а ова Министерство, заслужувало да се вложува во луѓето.

Стефоска не кажа дали тоа значи дека владата треба да вложува и во неа како екс или идна министерка.





