Нема покана за средба на Христијан Мицкоски со мандатарот и иден премиер Димитар Ковачевски за средба, велат од ВМРО-ДПМНЕ за „Слободен печат“. Од партијата велат дека за покана за евентуална средба дознале од медиумите, но дека нема официјална покана.



Доколу добие покана Мицкоски ја условува средбата:

„ Доколку има таква покана, средбата би била прифатена под услов да се разговара за следниот дневен ред: предвремени парламентарни избори како единствено оддржливо и кон граѓаните одговорно решение, содржината на одговорите на прашалникот 5 плус 1 кон Бугарија и позициите на Македонија и точка разно во која би спаѓало и разговор на темата сузбивање на криминалот и корупцијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски во интервју за Телма изјави дека по изборот на новата влада ќе упати покана до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за средба на која ќе се разговара за актуелните прашања, како и да се изнајде решение за закони од интерес на граѓаните.