Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит со „пригодна реч“ за „доцното палење“ на вицепремиерот за евроинтеграција во заминување Никола Димитров.
„Не стана МНР со ВМРО, почна да плука по ВМРО. Го шутнаа СДСМ, почна да плука по СДСМ. Не е најстрашна вистината која сега ја кажува, туку тоа што ДУРИ сега ја кажува. Пострашно е ако не разбира дека БГ договор е дел од преспа, најстрашно е ако разбирал и ќутел. Ужасно е што сите аларми на оваа линија кои со години ги зборуваме и упатуваме ги отфикаруваше бидејќи доаѓале од злите ВМРО-вци. Шутрак пар екселанс кој „предоцна се освести“, откако злото е направено. Сиктер без поздрав.
Ете, и официјално да се поздравиме“, му се обрати на Димитров преку фејсбук еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.






