„Вечерта кога бев избран за претседател на СДСМ, а Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, имавме телефонски разговор дека по изборот на нова Влада ќе се видиме и ќе разговараме за актуелната состојба“, изјави вечерва мандатарот Димитар Ковачевски во Топ Тема на ТВ Телма.
Ковачевски смета дека политичарите треба да ги здружат сите сили, и на ниво на партија, на ниво на коалиција, но и на држава и сите да дадат придоне кон најдобро и најбрзо решавање на проблемите.
„Сметам дека сите ресурси, особено на Владата, но и на Парламентот, треба да бидат насочени во носење закони и решенија за пребродување на кризата, но и закони во насока на поддршка на компаниите и граѓаните“, рече Ковачевски.







