Министерството за економија денеска ја одзеде лиценцата на туристичката агенција „Беса травел“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук профил.
Со оваа туристичка агенција патуваа 45 македонски државјани кои враќајќи се од Истанбул загинаа во автобуската несреќа што се случи во близина на Софија во соседна Бугарија.
Министерството за транспорт и врски, пак, на 24 ноември ја одзеде лиценцата на компанијата „Беса транс“ со чиј автобус се превезуваа овие патници.
Од ресорното Министерство ги повикуваат сите граѓани да проверат со кои туристички агенции патуваат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија.







