Тиквиците се достапни, евтини, здрави, па и вкусни. Обидете се да ги изненадите најблиските иако не сте кулинарски уметник. Се оди брзо, а за конечниот исход нема дилема, вистински деликатес.



Состојки:

2 средни тиквички (рендани)

1 кромид (ситно сечкан)

1 чешне лук (сечкано)

2 лажици свеж, сечкан магдонос

печиво, сол, бибер, брашно, сусам

Подготовка:

Состојките се мешаат во голем сад, и се добива малку лепливо тесто за ќофтиња. Со влажни раце се формираат мали сплоснати топки и се валкаат во сусам. Се печат во загреана рерна на 250 степени, на мрсен плех, обложен со хартија, по десетина минути од двете страни. Треба да бидат крцкави со златно-кафеава боја. Другара опција ви е да ги пржите и така се можеби и повкусни, но примаат повеќе зејтин.