Голем протест во Софија по новите рестриктивни ковид мерки со кои се забранува влез во јавните институции без вакцина како и против воведувањето на зелен сертификат.
Демонстрантите, поддржувачи на партијата „Вазраждане“, се судрија со полицијата. Луѓето се качувале по скалите пред главниот влез на Народното собрание и тропале на прозорците од вратите, сакајќи да упаднат во зградата, јави репортерот на БГНЕС.
Тие побараа полицијата да застане на нивна страна.
Во последните 24 часа во Бугарија биле регистрирани 7062 новозаразени, што е нов анти-рекорд.
Професор Ратка Аргирова, истакнат бугарски лекар ги оцени протестите како „криминално безумие“ кога во земјата бројот на заразени расте.







