Во декларацијата по Советодавниот совет за национална безбедност одржана во понеделникот, нашите политичари тивко ја напуштија темата заедничка историја со Северна Македонија, вградена во Договорот за добрососедство од 2017 година, изјави поранешниот бугарски претседател Георги Прванов.
„Највпечатливо нешто што се случи на овој советодавен одбор беше тоа што темата за заедничката историја беше тивко отстранета. Погледнете го документот – тој не ја содржи оваа тема, која моравме јасно да ја запишеме“, рече Парванов.
„Требаше јасно да напишеме дека нашата заедничка историја е од средниот век, за време на ренесансата, на почетокот на дваесеттиот век. И таа се состои во заедничката, обединета, националната бугарска самосвест на населението од двете страни на границата. И, се разбира, да додадеме дека тие сега имаат право на различно самоопределување“.







