Азири – Алијанса: Во Парламентот се врши „топтан – трговија“ – новото мнозинство е направено шверцерски

„Во ‘Емисија 200’ на ТВ Алсат Елми Азири, потпретседателот на опозициската Алијанса на Албанците кажа дека формирањето на парламентарното мнозинство е извршено затскриено, на шверцерски начин.“ – објави ТВ Алсат на својот интернет – портал.



Оваа телевизија пишува: „Според Азири, парламентот е претворен во институција, во која се врши ‘топтан – трговија’ и во која не се земаат како основа ниту критрериумите ниту ветувањата, а ниту пак зборот даден кон граѓаните.“

„Ако се обидеме да искажеме суд за евентуалната успешност на оваа Влада, тогаш во проценувањето треба да имаме два момента: првиот е како е формирана оваа Влада, а вториот е историската анализа, односно оценувањето на досегашната работа на оваа Влада. Што се однесува до првиот момент, создадено е ново парламентарно мнозинство на прикриен, шверцерски начин. Тоа до максимум го деградираше моралот на водењето политика, затоа што Парламентот е претворен во институција, во која се врши ‘топтан – трговија’, без да се земаат како основа ниту критериумите, ниту ветувањата, а ниту пак зборот даден кон граѓаните и кон другите соработници’ – рече Елми Азири, потпретседателот на Алијансата на Албанците во ‘Емисија 200’ на ТВ Алсат.“