„Во 2013., вие сте сведоци, дека бев тука и повеќе од самиот Зијадин Села бев загрижен да не ја изгубиме Струга и се заложив за тоа со сите мои тимови. Јас никому не работев од зад грб. На Зијадин му кажав дека ќе ги мериме силите за Струга и тоа му го кажав пред изборите“, порачал Ахмети нагласувајќи дека ДУИ нема намера да се повлече со кандидатурата на Рамиз Мерко за градоначалник на Струга, пренесува аггенцијата Макфакс.
Според Ахмети ДУИ го нуди Мерко како најдобро решение за Струга, а на Села му порачал да побара поддршка од новите партии. Во Ладоришта, Ахмети изразил загриженост за поделбата на гласовите на Албанците, упатувајќи апел до граѓаните, политичките партии и граѓанските иницијативи да не се делат, бидејќи според него така се губи силата и важноста на албанските гласови.





