Се одложува посетата на бугарскиот премиер Петков на Скопје

Посетата на премиерот Кирил Петков на Скопје се одложува, објави БНТ повикувајќи се на информации од прес-центарот на бугарскиот Совет на министри. Како што се наведува во текстот, посетата не е откажана, туку се одлага, без да се прецизира за кога.



Одлуката доаѓа неколку часа откако стана јасно дека претседателот на Народното собрание, Никола Минчев, со кого Петков имал комуникација, има коронавирус. Петков замина во самоизолација, а премиерската функција во овој период ќе ја преземе вицепремиерката, Калина Константинова.