Она што можам да го кажам е дека оваа влада го загуби кредибилитетот од народот уште на локалните избори кои што беа своевиден дебакл на сите политики на актуелната влада, вели за „Дојче веле“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Сега во оваа влада се наоѓаат истите ликови чии политики беа поразени. Го имате Љупчо Николовски кој беше задолжен за антикорупција во времето кога оваа влада на сите скали е на првото место по корупција. Повторно министер е Маричиќ, кој е познат по неправдите и хаосот во правосудството и монтираните случаи кои завршуваат со неспроведување на правдата. Во владата продолжува да биде министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е главниот бранител на мафијата и во чие време се случија најголемите скандали поврзани со разни шверцови, пасоши, нерасветлени убиства и слично. Министер е и Битиќи, кој ќе остане запаметен по фијаското во економијата, инфлацијата, високите цени во маркетите, а ниските плати. Од друга страна, имате и невпечатливи министри, чии портфолија кажуваат дека таму се дојдени како чувари на заевизмот и слепи послушници. Министер е и професорот Тупанчески, кој би било добро да го чуеме што мисли како добар правник за главното барање на Алтернатива кое е дел од договорот со СДСМ – за реотворање на случаите Монструм и другите правно утврдени случаи, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Целиот текст на следниот линк:
https://www.dw.com/mk/%D0%BC%D0%B8%D1%86%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B2-%D0%B2%D0%BE-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D1%87%D0%B8%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%B1%D0%B5%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D0%BD%D0%B8/a-60385009?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss





