Германија е зависна од рускиот гас и тоа мора да се има на ум кога се критикува Северен тек 2, изјави премиерот на германската сојузна покраина Саксонија Михаел Кречмер во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг.
Во последниве месеци, сите бевме многу зафатени со Северен тек 2, проект на кој Американците му ставија сопка поради нивните енергетски или политички интереси, а кој некои партии во Германија сè уште го критикуваат, рече тој. Мислам дека е тоа погрешно. Земјите треба да ги препознаат економските интереси на Америка и од друга страна, дека сме зависни од рускиот гас“.
„Северен тек 2“ се состои од два цевководи со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно; Гасоводот оди Русија под Балтичкото Море до Германија. Изградбата на гасоводот беше завршена во септември, но мораше да се одложи поради недостаток на одлука од страна на германскиот регулатор да го потврди Северен тек 2 како независен оператор.
Сертификацијата на компанијата нема да се случи во првата половина на 2022 година, објави претходно Федералната агенција.
Откога ова ќесе случ проектот ќе биде разгледан од Европската комисија за неговата компатибилност со Директивата за гас на ЕУ.







