Откако бил во контакт со претседателот на бугарското Народно Собраниер, Никола Минчев, кој е позитивен на коронавирус. на вчерашната средба на бугарскиот Совет за безбедност , премиерот Кирил Петков се повлече во самоизолација.
„Премиерот ќе биде под карантин како што се правилата“, беше соопштеноо од Владата која допрва треба да одлучи кој ќе ги преземе неговите должности.
Никола Минчев се почувствува лошо веднаш по состанокот на Кон султативниот Совет за безбедност свикан од претседателот Румен Радев а каде главна тема беа односите со Макдонија и бугарската позиција околу европерспективите на земјава која Бугарија ја блокира.
Кирил Петков за 18 јануари најави официјална посета на Македонија.
Во самоизолација е и претседателот Румен Радев.






