Минималната кошничка на ССМ „тежи” сѐ повеќе

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја објавува вредноста на минималната синдикална кошничка, и овој пат има пораст.



За храна и пијалоци, биле потребни минимум 15.091 денар, а за режиски трошоци 10.930 денари. За превоз, минималните трошоци биле 2.633 денари, а за хигиена 2.397 денари.

Синдикалната минимална кошница во октомври е зголемена за 200 денари во однос на септември. Според податоците на ССМ, вредноста на синдикалната кошничка во октомври изнесувала 34.584 денари.