Владата да иницира референдум за спорните прашања со Република Македонија побара партијата на Красимир Каракачанов, ВМРО-БНД кој денеска го предводешепротестот пред зградата на Претседателството каде Румен Радев има средба со Консултативниот совет за национална безбадност токму на тема Македонија.
Европратеникот и член на партијата Ангел Џамбаски за медиумите изјави дека постои јасна бугарска волја за прашањето за Македонија.
Оваа влада нема мандат и сила да ја промени досегашната одлука за Северна Македонија, додаде Џамбазки. Ако се согласи шефот на дипломатијата за почеток на преговори, тој ќе ја поништи претходната одлука.
Тој ги повика членките на Советот за безбедност „мирно и цивилизирано и по бугарски да не ги изневеруваат интересите на македонските Бугари, да не го предаваат споменот на нашите предци, да не ја изневеруваат нашата национална свест, самоопределување, национална историја, традиција и култура“.







