Нов министер за правда Тупанчевски, Маричиќ се сели во евроинтеграции

Универзитетскиот професор на Правниот факултет, Никола Тупанчески, најверојатно ќе го наследи Бојан Маричиќ во Министерството за правда, додека, пак, пратеничката Славјанка Петровска одиу на чело на Министерството, пренесе ТВ24, повикувајќи се на високи партиски извори.



Нова вицепремиерка за борба со корупцијата ќе биде поранешната пратеничка Славица Грковска, а Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе биде нова министерка за култура.

Оливер Спасовски останува во МВР, Благој Бочварски во Транспорт и врски, Горан Милевски во Локална самоуправа, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економски прашања, Бојан Маричиќ во евроинтеграции, Љупчо Николовски се враќа во Министерството за земјоделие. Јована Тренчевска се предлага за ресорот труд и социјала на местото на Јагода Шахпаска.

Овој состав треба вечерва да добие зелено светло и од Извршниот и од Централниот одбор во СДСМ. Планот е утре составот заедно со програмата да влезе во Собрание.

Новата влада би требало да се гласа следниов викенд.