Немаат проблем со парното 3.500 домаќинства приклучени на „Енергетика“

Граѓаните кои се приклучени на системот на АД ЕСМ, подружица „Енергетика”, имаат парно греење.



Од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, раководството на „Енергетика” и експертски тимови се следи состојбата со енергенсите на светско и домашно ниво, со оглед на вртоглавиот раст на цената на природниот гас, кој се користи како основен енергенс во производството на топлинска и електрична енергија во „Енергетика”и истиот е навремено обезбеден – велат од ЕСМ – Енергетика, пренесува Слободен печат.

Преку овој систем , со парно греење се снабдуваат околу 3.500  домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки  и 75 деловни субјекти во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.