Адела Пашкова, уредник за меѓународна политика на Агенцијата БГНЕС, бара малку повеќе реализам од премиерот Кирил Петков кога ветува отворање на авионска линија Софија-Скопје, како еден од гестовите кои треба да покаже дека соработката е основен принцип за добрососедските односи.
„…бугарскиот премиер Кирил Петков, пред претставници на авиопревозниците, Министерството за транспорт и врски излезе со став дека што поскоро ќе помогне за отворање на авиокомпанија меѓу Софија и Скопје.
Од правна гледна точка, нема пречка за реализација на овие намери поради актуелниот меморандум за соработка потпишан во 2015 година.
Сепак, вели Пашкова во анализа за БГНЕС, вреди да се потсетиме дека таква линија постоеше ( кратко време) но беше затворена во 2010 година. Оттогаш сите бугарски влади повторуваа дека „постојат предуслови“ за постоење на таква линија, дека се бараат начини за нејзино обновување – вече 12 години.
„Следејќи ја економската логика, во тој период една од седумте бугарски авиокомпании би била заинтересирана и би инсистирала на обновување на оваа авиокомпанија доколку е финансиски профитабилна.
Во спротивно, од кои причини бившиот Хемус ер, а подоцна и Бугарија ер, престанала да оперира со оваа дестинација, особено што очигледно ја има потребната политичка поддршка за нејзиното постоење?
Во 2014 година, Здружението на бугарски авиокомпании изготви извештај за можностите и перспективите за проширување на соработката во воздушниот сообраќај меѓу Бугарија и Република Македонија, во кој е констатирано дека има „затишје“ во областа на цивилниот воздушен транспорт. Беше констатирано дека Бугарија веќе ја има потребната инфраструктура како што се аеродроми, услуги на воздушниот сообраќај, конкурентни авиокомпании, организации за одржување, центри за обука итн., што е добар предуслов за обновување на директните летови.
Но, и покрај овие параметри, меѓу Софија и Скопје нема летови“, вели Пашкова и констатира:
„Искрено, ретко кој ќе гори од желба да чека два часа на аеродром пред да се качи во авионот од/до Софија, кога дотогаш веќе би поминал повеќе од половина пат до/од Скопје.
Не е за занемарување и потенцијалната цена на авио билетите.
Дополнително, мора да се исполни и задолжителната процедура за отворање директна авиолинија, за што секако ќе одземе не само време туку и пари.
Сето горенаведено не значи дека не треба да има летови меѓу Софија и Скопје. Но, убедена сум дека кога има економска логика и неопходност, засегнатите страни ќе најдат начин да го направат тоа и без политички декларации.
Во оваа смисла, сепак, препорачувам енергијата да се насочи кон попрагматични прашања, како што е изградбата на железничка линија меѓу главните градови на двете соседни земји и нормални патишта за стотици и илјадници патници од двете страни на границата.







