Каракамишева за македонската дијагноза: Непрокопсаните владеат и крадат, умните молчат

Професорката по уставно право и политички систем Тања Каракамишева Јовановска се прашува со каква колективна дијагноза се соочува македонскиот народ.



Таа се чуди зошто граѓаните не ги послушаа предупредувањата од низа интелектуалци дадени пред неколку години за тоа што ќе и се случи на Македонија.

,,Чудна е оваа наша недојдија…кога пред неколку години паметните зборуваа каква катастрофа ќе ни се случи во земјата на национален и економски план, непрокопсаните урлаа, кршеа, сквернавеа и успеаа. Дојде време тие да владеат/крадат/лажат, а паметните молчат!? Што дијагноза е ова?”, прашува професорката Каракамишева за состојбата со која се соочува Македонија.