Лидерот на СДСМ и иден премиер Димитар Ковачевски најде виновници за фијаското со Бугарија.
Тој смета дека виновници за бугарската блокада во ЕУ не се бугарските радикални позиции туку луѓе кои тој ги нарекува пропагандисти.
Според контекстот што го дава за Преспанскиот договор со Грција се работи и за македонски граѓани и јавни личности.
Тој смета дека со договор меѓу политичките лидерства во Софија и Скопје ќе се намали потенцијалот овие луѓе кои ги нарекува пропагандисти кои имаат своја агенда за кавга со Бугарија.
Тој не открива кои се луѓето што ги нарекува пропагандисти но јасно става до знаење дека како премиер ќе има посебна група луѓе во јавноста против кои ќе ја насочи својата енергија.
Зошто Ковачевски создава нови поделби во македонскиот јавен дискурс и јавно ги прозива овие луѓе кои се противат на штетен договор со Бугарија кој може да го избрише македонскиот идентитет е нејасно.
Делот од неодамнешното интервју за Канал 5 каде што Ковачевски ја објаснува оваа шокантна позиција на мандатарот почнува околу 13 минута и 30 секунда.
Ковачевски во истото интервју одби да каже став дали Македонија и Бугарија имаат заедничка историја.






