„Господине Ковачевски, ставете ја раката на срцето и кажете дали некогаш сте допреле бугарска книга што слободно се продава во книжарниците во Македонија, како што се продаваат српските книги и весници“ прашува во новата колумна за Бгнес, новинарот, публицист и издавач Иван Николов.
Новинарот вели дека „должност на младиот премиер Димитар Ковачевски е критички да ги погледне сите ќошиња на македонската историја, а не само на митологијата за Титовите партизани“ и продолжува:
„А дали сте слушнале нешто поразлично на училиште, на факултет, во општеството од антибугарските пропагандни клишеа кои се уште кружат низ македонските „независни“ медиуми Само сетете се на кампањата организирана од вашата партија против бугарскиот пасош на Данела Арсовска, кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје и објаснете дали тоа е „европска вредност“?
И, не слушајте го шепотењето на Владо Бучковски или на Бранко Црвенковски, ниту критиките на Христијан Мицковски. Тие се неповратно изгубени пред вистината затоа што не сакаат да ја слушнат. А вистината според Николов била:
- „ДЕНЕШНАТА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА Е ПОЛИТИЧКА т.е. се јавува под одредени идеолошки и геополитички околности, непосредно пред и особено по Втората светска војна.
- СИТЕ МИНАТИ ГЕНЕРАЦИИ ДО 1944 ГОДИНА СЕ ОПРЕДЕЛУВААТ КАКО БУГАРИ И СВЕТОТ ГИ СЕ ПЕРЦЕПИРА КАКО БУГАРИ. И тоа никако не му штети на новиот македонски идентитет.
Бугарската вистина за Македонија во последните неколку векови е поддржана од научници, дипломати, патеписци и особено од внатрешното самоопределување на самиот народ“, констатира Николов.






