„Шек Халачи, еден од обвинетите за учество во судирот со македонските полициски сили во 2015 година, бара да започне меѓународна истрага за овој случај. Халачи заедно со неговиот пријател Вал Зека со часови ги бојкотираа судските рочишта во знак на несогласување со неправдата, што им се прави во судовите во Македонија. Тие одбиваат да бидат екстрадирани на Косово се додека не се отвори меѓународна истрага за случајот. Тие сметаат дека главната пречка се албанските политичари инкриминирани и вмешани во заговорот, кој е организиран од славомакедонската држава!“ – извести косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“ во својата информација со наслов „Шек Халачи и ‘Кумановската група’ бараат меѓународна истрага за кумановскиот заговор“, откако до неговата редакција било испратена целосната објава на Шек Халачи, со споменување и на Амбасадата на САД и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, што одразува барање за ова да биле известени и оваа амбасада и оваа мисија.
„Бота сот“ ја пренесува објавата на овие затвореници, кои не се наведуваат себеси како осуденици, туку како обвинети:
„Албанската политика е честопати уметност на предавство“
„Ние, некои членови на ‘Кумановската група’, не сакаме наша екстрадиција, не можеме да ги оставиме во ѕидовите на овие затвори нашите браќа Албанци од ИЛИРИДА, кои се бореа со нас. Сакаме само меѓународна истрага и расветлување на вистината! Но, се поставува прашањето за некои албански политичари: изгледа вас не ве интересираат ниту вистината, ниту слободата и правдата? Тие албански политичари се чувствуваат поудобно со серивилизам и неправда и тн…!“
„Страдавме и страдаме во затворите на оваа држава, неправедно осудени од неа. Не верував дека ќе има расчистување на случајот. Затоа побаравме меѓународна истрага и сигурни сме дека само со преземање на овој случај од меѓународните фактори ќе се расчистат сите дилеми, се што е кажано и што не е кажано. Тоа нема да биде прифатено добро од еминентни политичари, кои се вмешани директно или индиректни во нашиот случај, од оние што не предадоа!“ – се наведува во оваа објава на осудениците за дводневниот оружен судир со македонските специјални полициски единици во „Диво насеље“ во Куманово, на кои, инаку, со пресуда на Врховниот суд на Македонија им беа потврдени конечно пресудите за тероризам во 2015 година, кога во тој судир беа убиени и осуммина полициски специјалци.





