ИНА: По 7 часа малтретирање на Табановце печалбар-кумановец и кажа „Благодарам на НАШАТА ДРЖАВА“

„Печалбарот од Куманово Н.Алија го искажа својот револт по премногу долгото чекање, проследено и со малтретирање, на граничниот премин Табановце.“ – јави информативната агенција на албански јазик ИНА во својата вест со наслов „Печалбарот по долгото чекање на границата: Благодарам на НАШАТА ДРЖАВА“ .

ИНА ја пренесува изјавата на Н.Алија: „Од 18 часот на Табановце чекање и ја преминавме границата во 01 часот по 7 исцрпувачки часа.
Ти благодарам, НАШАТА ДРЖАВА.
И потоа ти мисли дека имаме Албанци низ институциите и оти ќе биде полесно. Ние доживеавме психичко малтретирање на Табановце.“



Исто така, и во својата видео – информација со наслов „Долги редови на границата кај Табановце – автобусите чекаат по 6 часови“ и весникот на албански јазик „Лајм“ јавува за „долги редици на печалбари, кои чекаат на Табановце (Македонија-Србија)“, како и за „многубројни поплаки од печалбарите, поради, како што велат ‘бавното и негрижно работење на граничните власти!“.

„Лајм“ ja цитира изјавата на Неримане Селмани, која работи во Виена, Австрија, и која вели дека „нивниот автобус чека да ја помине границата уште од 14 часот, односно оти се чека повеќе од 6 часа“.

„Дел од печалбарите се плашат дека нема да можат да стигнат на работа поради доцнење.“ – информира „Лајм“.

ТВ 21.мк уште од вчера околу пладнето објави дека „на граничниот премин Табановце за излез од Македонија е создадена километарски долга колона“.