Новиот лидер на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски не знае односно не го кажува личниот став на прашањето дали Макееонија има заедничка историја со Бугарија.
На прашање на интервју за Канал 5 од пред десетина дена Ковачевски вели дека не е историчар и не може да каже дали Македонците и Бугарите имаат заедничка историја.
Тој најавува дека на оваа тема ќе го чека ставот на ,,Историската комисија” со Бугарија.
Тројца членови на комисијата, меѓу нив двајца кои што се противат на бугарските агресивни историски позиции кон Македонија изминатава година беа сменети од членство во комисијата со Бугарија.
Со одговорот Ковачевски најавува дека доколку останатите членови прифатат дека
македонската историја е иста со бугарската тој би ги прифати нивните позиции.
Бугарија инсистира дека Македонија била дел од бугарската историја уште од 11 век, дека македонскиот јазик е бугарски и дека Македонците до 1945 година биле Бугари.
Во видеото на Канал 5 на оваа тема со зборува од 13 минута.
Овој важен дел од интервјуто на Ковачевски за Канал 5 го открива и го анализира Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит во својата емисија на Инфомакс.
Новинар: Koј е вашиот став, дали имаме заедничка историја со Бугарите како што тие ја толкувааат?
Идниот премиер: Не сум историчар…Преведено:
Новинар: Дали сме биле ист народ со Бугарите пред 1944 година кога не' измислил Тито?
Таче: Не знамMore: https://t.co/OgnS2g3YDp pic.twitter.com/OrYOcLkvJZ
— Боби (@BatmanSaysT) January 8, 2022
Во истото интервју Ковачевски открива кој според него е виновен за односите со Софија
Најави ли Таче пресметка со тие што се грижат за македонското национално достоинство?
Не гледа вина во Софија: Ковачевски најде внатрешен македонски непријател за фијаското со Бугарија





