Среде спорот меѓу двете земји, македонско-бугарска тениска двојка освои турнир во Египет

Томислав Јотовски од Македонија и Антони Генов од Бугарија покажаа дека двата соседа можат и да соработуваат, освојувајќи го тенискиот турнир во двојки во египетскиот главен град Египет, со награден фонд од 15.000 американски долари.



Јотовски и Генов во финалето славеа со 6-1, 3-6, 10-7 против вторите носители Реј Хо од Тајван и Григориј Ломакин од Казахстан.

За првиот македонски рекет ова е седма дубл-титула во кариерата, прва по 5,5 години.