Нгјела: Албанскиот свет во Балканот се засилува во 2022 со помошта на САД

„Две илјади и 22-ра е година на натамошно засилување на албанскиот свет во Западниот Балкан со помошта на Америка.“ – вели Спартак Нгјела, политички аналитичар и поранешен министер за правда на Албанија, во својата колумна со наслов „Американскиот свет се засилува со помошта на Америка“, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

Нгјела пишува: „Дојде моментот очекуван уште од 1945 година:во Албанија ќе биде воспоставен штаб-претходница на Командата за специјални операции на американската војска во Европа.
Бев убеден дека ова ќе се случи. Дојде токму во времето кога руските и српските апетити беа отворени со надежта за дестабилизирање на Албанија со јаловата авантура на Сали Бериша дека пак ќе ја води Демократската партија на Албанија.
Ова покажува дека Албанија била жешка точка на американско-рускиот судир на Западниот Балкан. Но, ова е и признание на Албанија заради кревањето на нејзината особеност и за нејзината меѓународна важност. Секако, ова е силна поддршка и за албанската република на Косово.
Годината 2022-ра започна како и што се очекуваше; со натамошно засилување на албанскиот свет во Западниот Балкан. Успехот е на сите Албанци.“ – убеден е Спартак Нгјела во својата колумна.