„Треба да го промениме сфаќањето за тоа што навистина значи Република с. Македонија да преговара со ЕУ и да биде дел од неа во иднина. Да зборуваме за сите придобивки што ќе ги имаме и ние и РСМ од овој процес“, изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков, пренесува БГНЕС.



Тој ќе ја посети Македонија следниот вторник, на 18 јануари, соопшти официјално владината прес-служба.

Повод за посетата е 30-годишнината од признавањето на независната македонска држава од страна на Бугарија.

Посетата ќе означи нов почеток во развојот на билатералните односи меѓу Бугарија и РС Македонија и ќе ги претстави следните чекори што двете влади ќе ги преземат за решавање на отворените билатерални прашања.

Петков ќе биде придружуван од министерката за надворешни работи Теодора Генчовка, која во моментов е под медицински надзор поради коронавирус, и министерот за транспорт Николај Шабев.

БГНЕС потсетува дека во понеделник претседателот Румен Радев свикува состанок на Советодавниот совет за национална безбедност, чија тема ќе биде Република Северна Македонија.