Во светот досега над 300 милиони заразени со Ковид-19

Брзото ширење на сојот Омикрон постави нови рекорди за инфекција во десетици земји во текот на минатата недела.



Во изминатите седум дена, 34 земји го регистрираа својот најголем број неделни случаи од почетокот на пандемијата, вклучувајќи 18 нации во Европа и седум во Африка.

Биле пријавени 13,5 милиони случаи во изминатата недела, 64 % повеќе од претходните седум дена, а просечната глобална стапка на смртност падна за три отсто.