Бугарите ликуваат – Монасите од „Бигорски“ ја пеат Изгреј зоро на слободата (видео)

Дел од бугарските медиуми манипулираат со видео на кое монасите од Бигорскиот манастир ја пеат песната „Изгреј зоро на слободата“ во обид да прикажат дека братството од овој манастир на тој начин го изразува своето бугарофилство.



Видеото е снимено за време на богослужбата за празникот Илинден а бугарските медиуми и европратеникот Ангел Џамбаски тврдат дека “Маршот на македонските революционери”, познат уште како и химна на ВМРО, која што била прва химна на Народна Република Македонија е израз на масовното бугарофилство во Македонија.

Според бугарските медиуми текстот и музиката на маршот се напишани во 1923 година од Александар Морфов по нарачка на Тодор Александров а песната по налог на комунистичките власти во 1948 г. е забранета и прогласена за бугарофилска.

Монасите од Бигорскиот манастир го предизвикаа вниманието од јавноста кога по потпишувањето на договорот со Бугарија дадоа јавна поддршка за негово спроведување со надеж дека по договорот ќе има можност за признавање на Македонската православна црква од Бугарската православна црква.