Уредничката на Истражувачката репортерка лабораторија (ИРЛ) Сашка Цветковска бара лидерот на СДСМ и мандатар на новата влада Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши да бидат искрени за исклучувањето на парното во општините Центар и Карпош.
Цветковска открива дека компанијата БЕГ од утринава не обезбедува топлина за своите потрошувачи.
,,БЕГ го исклучија парното во Центар и Карпош, Божјиот пламен не грее од утрово. Малку искреност во Новата 2022 господа Dimitar Kovacevski и Kreshnik Bekteshi не би било лошо. Среќен Божиќ другари”, пишува Цветковска со доза на иронија.
По најавите дека БЕГ нема да може да набави доволно количество енергенски од власта смируваа дека нема да дојде до прекин на снабдувањето со парно греење.






