Светската здравствена организација предупредува дека тоа што „омикрон“ има поблаги симптоми од претходните варијанти на Ковид-19, не треба да се прифаќа со олеснување.
На вчерашната конференцијата во четвртокот, шефот на СЗО, д-р Тедрос Адана Гебрејесус, предупреди дека омикронот во никој случај не треба да се класифицира како „благ сој на корона“.
„Се чини дека „омикрон“ дава поблага клиничка слика од делтата, но тоа не значи дека треба да се нарече благ вид.
Како и со претходните соеви, луѓето завршуваат во болница или умираат поради омикрон“, рече тој.
„Цунамито на случаи предизвикано од омикрон е толку брзо и огромно што почнува да ги задушува здравствените системи ширум светот“, рече д-р Гебрејесус.







