Шефот на британската разузнавачка служба МИ6 ѝ се заблагодари на кинеската државна новинска агенција за „бесплатниот публицитет“ откако објави пародија на Џејмс Бонд со која се исмеваат западните разузнавачи околу наводните закани од Кина.



Реакцијата на шефот на МИ6, Ричард Мур, во четвртокот доаѓа по британската загриженост за третманот ујгурско малцинство од страна Пекинг, но и поради поранешната британска колонија Хонг Конг.

Во твитот во вторникот, државната новинска агенција Ксинхуа објави дека открила објавена видео снимка од тајна средба меѓу британските и американските шпиони, пишува „Гардијан“.

Во видео-клипот насловен „Нема време да се умре смеејќи се“ (No Time to Die Laughing) кинески актери ги глумат измислените британски шпиони наречени Џејмс Понд (James Pond ) и Блек Виндоу (Black Window).