Од „ИТН“ велат дека бугарска коалициска влада е единствена во однос на Македонија

Бугарија останува на ставот дека треба да има гаранции за заштита на правата на Бугарите во Македонија, изјави меѓународниот секретар на партијата „Има таков народ“, Димитар Гардев.



Нема поместување од позицијата на партијата и на Слави Трифонов, нагласи Гардев во контекст на објавата на Трифонов дека блокадата на Македонија за ЕУ ќе биде отстранета кога САД ќе ги укинат визите за бугарските граѓани, а Бугарија ќе стане дел од „Шенген-зоната“.

Според него, кога се зборува за односите со Македонија, тоа се односи меѓу две земји и нема притисоци.

„Во коалицијата за Република с. Македонија нема промена и нема никаква загриженост. Коалицијата гледа во еден правец на РСМ“, рече Гардев, додавајќи дека она што треба да се случи е продлабочување на меѓувладините состаноци, што сега не е случај.

Тој изјави дека не треба да се потпишува повторно договор за пријателство, туку да има дефинитивни гаранции за почитување на правата на бугарските граѓани во РСМ.